Неколку стотици граѓани се собраа нешто пред 18 часот во центарот на Белград на протест против прифаќањето на германско-францускиот план за Косово.
Насобраните носеа голем транспарент со натпис „Косово е срцето на Србија“. Видливи беа и транспаренти „Нема предавање“, „Кој ќе го предаде Косово ќе ја предаде Русија“, а организаторите пуштаа патриотски песни, пренесува МИА.
Агенцијата Бета потсетува дека претходно „десничарски и патриотски организации“ повикаа на протест.