Челниците на парискиот клуб се незадоволни од односот на вложените пари во Нејмар и клупскиот успех и сакаат што побрзо да се ослободат од него, пренесува Fichajes.
Богатите арапски сопственици го направија Нејмар најскапиот фудбалер во историјата, а за возврат сепак не ја добија титулата европски првак.
30-годишниот Бразилец има договор до летото 2025 година со опција да се реши да остане уште една сезона со астрономска плата. Со оглед на тоа што неодамна и Мбапе доби нов договор со неверојатни финансиски услови, а парижаните сакаат да го задржат и Меси, дури и на богатите сопственици им е јасно дека трошењето пари за Нејмар е претерано.
Поради ова францускиот клуб ја спушти цената за Нејмар на само 50 милиони евра, што може да биде примамливо за богатите англиски клубови, а дали трансферот ќе се случи ќе видиме во зимскиот преоден рок.