Иранскиот претседател кој денеска телефонски разговарал со Путин, како што соопшти Кремљ, рекол дека нивните акции се од ограничен карактер и дека Техеран не е заинтересиран за натамошна ескалација на тензиите
Рускиот претседател Владимир Путин ги повика сите страни на Блискиот Исток да се воздржат од потези кои би предизвикале нов конфликт кој би имал катастрофални последици, објави денеска Кремљ, пренесува Ројтерс.
Путин, кој ги зајакна врските со Иран по инвазијата на Украина во 2022 година, телефонски разговарал со иранскиот претседател Ебрахим Раиси за нападот на Техеран врз Израел, кој Кремљ го окарактеризира како „мерки на одмазда“.
За потсетување, доцна вечерта на 13 април Иран лансираше беспилотни летала и проектили кој Израел како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот на земјата во Сирија што се случи на 1 парил, а во кој загинаа седум членови на корпусот на иранската револуционерна гарда, меѓу кои и двајца високи команданти.
Техеран го смета Израел за директно одговорен за овој напад. Од друга страна, Израел ниту потврди, ниту негираше вмешаност во инцидентот.
Инаку, во својот прв јавен коментар за иранскиот напад во Израел, Путин рече дека главните причини за актуелната нестабилност на Блискиот Исток е нерешениот конфликт меѓу Палестинците и Израел.
Како што соопшти Кремљ, рускиот претседател се надева дека сите страни ќе покажат воздржаност и ќе спречат нова рунда на конфликти во регионот.
Иранскиот претседател, како што се наведува во соопштението, рекол дека нивните акции се од ограничен карактер и дека Техеран не е заинтересиран за натамошна ескалација на тензиите.
Русија, која негува блиски врски со иранскиот врховен водач ајатолхот Хамнеи и арапските лидери како престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, постојано го критикува Западот дека ја игнорира потребата од независна палестинска држава во границите од 1967 година, наведува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Во разговот Путин и Раиси ги потврдиле ставовите на двете земји дека е потребен итен прекин на конфликтот меѓу Хамас и Израел во Појасот Газа. Тие ја истакнале потребата за изнаоѓање на решение за тешката хумантирна ситуација во Појасот, како и создавање услови за политичко и дипломатско решение за кризата.
Инаку, Иран се смета за еден од главните снабдувачи на Русија со балистички ракети и беспилотни летала кои Москва ги користи во војната со Украина.