Путин побара од ФСБ да ги улови „предавниците“


Рускиот претседател Владимир Путин повика на лов на „предавници“ во своето денешно обраќање пред руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), откако освои нов претседателски мандат.

– Тие треба да бидат идентификувани и казнети, рече Путин со забележително лут тон.

– Ќе ги казниме без временско ограничување, каде и да се, рече тој, додавајќи дека Русија нема да ги заборави „предавниците кои извршија злосторства против државата“.

Путин посебно се осврна на украинските напади на пограничниот регион Белгород, каде неодамна имаше цивилни жртви. Интензивни напади се случија во регионот за време на претседателските избори меѓу петокот и неделата.

Рускиот претседател зборуваше за тероризам чија цел беше да се наруши гласањето.

Тој обвини „терористички и диверзантски групи“ кои дејствуваат заедно со украинските сили, платеници и други „ѓубриња“ што може да се однесува на руски државјани кои пребегнале на украинската страна.

Рускиот претседател, исто така, ја повика ФСБ да соработува со другите разузнавачки служби во зајакнувањето на антитерористичките операции.

– Се соочуваме со силен и опасен противник кој во својот арсенал има широк опсег на информации, технички и финансиски ресурси, рече Путин.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: