Раванија

ЗА ТЕСТО
5 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици гриз
5 лажици брашно
1 прашок за печиво
ЗА ШЕРБЕТ
800 г шеќер
400 мл. вода
1 ванилин шеќер
Со миксер ги матиме јајцата со шеќерот. Потоа ги додаваме гризот, брашното и прашокот за печиво. Матиме додека смесата да се соедини. Ја нанесуваме во тава и печеме 20 минути на 200 степени или во зависност од рерната. Оставаме тестото убаво да се излади.
Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот, водата и ванилиниот шеќер да зовријат. Со топлиот шербет го преливаме изладеното тесто. Оставаме раванијата да се излади и да го впие шербетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.