Раул Гарсија најави повлекување од терените



Шпанскиот фудбалер, 37-годишниот Раул Гарсија најави дека се пензионира на крајот од оваа сезона.

„Сè има крај“, рече играчот од средниот ред на Атлетик Билбао во прошталната видео порака.

Гарсија беше член на баскискиот клуб во последните девет години, осум години играше за Атлетико Мадрид, а три сезони го носеше и дресот на Осасуна.

Во текот на кариерата освои седум клупски трофеи, последниот на почетокот на април кога со Атлетика го освои шпанскиот Куп на кралот.

Со вкупно 602 натпревари тој моментално е третиот играч со најмногу настапи во историјата на шпанската Примера. Повеќе од него собраа само Андони Зубизарета и Хоакин Санчез, и двајцата со 622 настапи.

„Ќе оставиш белег во историјата на Атлети. Честитки за сѐ што постигна легендо“, соопштија од баскискиот клуб.

Гарсија впиша и два настапа за шпанската репрезентација во септември 2014 година.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: