Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите



Реал Мадрид е новиот европски шампион откако вечерва по петнаесетти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во финалето на „Вембли“ беше подобар од Борусија Дортмунд со 0 – 2.

Винисиус Жуниор слави по постигнатиот гол / фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Многу возбудувања за љубителите на фудбалот понуди овој натпревар што се одигра во Лондон. Патот до мрежата на противничкиот гол два пати го пронајде Реал Мадрид искачувајќи се на врвот на фудбалска Европа.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд одиграа храбро и имаа многу шанси. Во една од нив топката заврши во голот на Реал Мадрид, но беше сигнализирана недозволена позиција па, сепак, Борусија Дортмунд остана без постигнат гол.

На стадионот „Вембли“, Борусија Дортмунд вторпат губи финале, а Реал Мадрид го прослави својот петнаесетти трофеј.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: