Рецепт за вкусен мока пудинг готов за 6 минути

Потребни ви се само неколку минути за да ги измешате состојките, да ги ставите во микробранова печка и да ги украсите со малку сладолед и ликер од кафе!
Рецепт за вкусен мока пудинг готов за 6 минути
Потребни состојки:
150 милилитри млеко
50 г суви сливи
2 лажички инстант кафе
50 г путер
50 г шеќер
1 големо јајце


50 г бадеми
2 лажици какао
1 лажица брашно
1 лажичка прашок за пециво
4 топки сладолед
4 лажички ликер од кафе (по избор)
Начин на подготовка:
Ставете го млекото, сувите сливи и кафето во блендер и блендирајте. Потоа додајте го путерот, шеќерот, јајцето, бадемите, какаото, брашното и блендирајте пак.
Ставете ја смесата во 4 чаши по 175 милилитри. Ставете во микробранова печка за 6 минути. На крајот ставете сладолед и кафе од ликер и уживајте во вкусниот пудинг!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.