Потребни состојки:
100 г сончоглед
100 г семе од лен
100 г сусам
500 г брашно
200 милилитри бело вино
100 милилитри зејтин
250 г путер
1 лажичка сол
Начин на подготовка:
Измешајте го брашното и сите семиња. Потоа, изматете го путерот со рачен блендер и додадете го брашното и семињата.
Полека додавајте наизменично зејтин и вино и кога ќе се формира убаво тесто, оставете го во фрижидер неколку часа.
Обликувајте топчиња и наредете ги на плех. Печете во рерна на температура од околу 180 до 200 степени додека не поруменат убаво.
Кога ќе се испечат, намачкајте ги путер ако сакате да ги украсите со сончоглед односно да ги поминете убаво од сите страни во тањир со сончоглед. Експериментирајте со украсувањето.