Рецепт за вселенски велигденски јајца

Вапцањето велигденски јајца со чај од хибискус стана сè попопуларно, а доколку го комбинирате со гел боја ќе ги добиете најубавите вселенски јајца.
Вселенски јајца со посебен дезен како небо полно со ѕвезди и специфична боја која не може да се купи – тајната е во природното вапцање на јајцата со чај од хибискус. Ова е исклучително брз и лесен начин за украсување јајца, а вие добивате необична, оригинална и интензивна боја, толку волшебна што вашата велигденска корпа и трпеза ќе блеснат.
Постојат различни начини за вапцање на јајцата на природен начин. На пример, виолетова боја се добива со варење виолетова зелка, добро познатиот кромид дава кафено-бордо нијанса, додека куркумата е ненадмината кога се работи за пастелно жолта боја. Кај природниот начин на вапцање важно е да се користат бели јајца, со цел бојата подобро да се прими.


Потребни состојки:
10 бели јајца
80 gr чај од хибискус
1 лажица сол
800 ml вода (400 ml во секој сад)
100 ml алкохолен оцет
масло
црвена гел боја на јајца (опционално)
Подготовка:
Во лонец ставете јајца и сол и сварете ги на класичен начин. Поделете го хибискусот во два сада, по 40 грама во секој, а потоа истурете по 400 ml вода и 50 ml алкохолен оцет. Се остава да отстои неколку минути, па се додаваат по 5 јајца во секој сад.
Оставете ги јајцата да отстојат во бојата најмалку 3 часа, полека извадете ги со лажица и наредете ги на салфетка, ќе добиете интензивна боја и дезен кој потсетува на ефектот на мермерот. Оставете ги јајцата целосно да се исушат, па ако сакате, можете дополнително да ги разубавите со додавање на гел боја. Во топла вода ставете кесичка гел боја да се загрее, потоа истурете неколку капки на ракавица и истријте ја бојата на јајцето. Двете бои совршено ќе се спојат и ќе добиете прекрасен дезен кој можеме да го наречеме „вселенски“ јајца. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло за да блеснат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.