Рецепт за греано вино – како да си го направите дома?

Сезоната на греано вино почна, а ние секогаш сме во потрага по добри рецепти за подготовка на овој пијалак.
Може да си го направите дома во секое време. Пробајте го рецептот во прилог.
Состојки кои ви се потребни:
1 литар црвено вино
2 dl вода
Еден портокал и еден лимон
3 лажици шеќер
2 стапчиња цимет
2 ѕвездички анасон
Пола лажичка ванила
10-тина стапчиња каранфилче


Подготовка:
Виното ставете го во тенџере во кое ќе го варите и додадете му ја чашата вода, каранфилчето, анасонот, циметот, шеќерот и ванилата.
Ставете ги на тивок оган да се варат. Додадете и еден исцеден портокал, па варете го до вриење и потоа тргнете го од огинот.
Исечете неколку парченца од кората од портокалот и лимонот и додадете ги во виното.
Оставете го да се олади малку и потоа сервирајте го со корите од овошките по работ на чашките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.