Крцкави однадвор, а сочни одвнатре – похуваните ролнички се идеални за појадок или за вечера, а можете да ги наполните со што сакате.
Наш предлог е и да комбинирате парчиња банана со чоколадо и намаз од лешник. Изборот е ваш, а ние сме сигурни дека нема да ве остават рамнодушни.
Потребни состојки:
10 парчиња леб
40 грама путер
10 лажици мармалад
3 јајца
3 супени лажици млеко
½ лажичка цимет
Начин на подготовка:
Исечете го лебот на кришки и отстранете ја кората. Со помош на сукало расукајте го секое од парчињата.
Премачкајте ги парчињата со путер и мармалад, па свиткајте ги во облик на ролна.
Потопете ги кифличките во смеса од јајца, млеко и цимет, а потоа пропржете ги. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.