Прекрасен рецепт за колач кој што се прави лесно, а е сочен и превкусен, покрај тоа одличен е за деновите во кои се пости.
Состојки:
– 1 чаша меко брашно;
– 2 чаши гриз;
– 1 чаша шеќер;
– прстофат сол;
– 1 ќесичка прашок за печиво;
– 900 грама замрзнати вишни;
– 1 ванилин шеќер;
– половина чаша шеќер;
– 1 лажичка цимет;
– половина чаша масло за јадење.
Напомена: за мерење може да искористите чаша од 2 децилитри.
Подготовка:
Во чинија ставете две чаши брашно. Додадете една чаша шеќер, прстофат сол, па две чаши гриз. Додадете ја ќесичката печиво, па добро помешајте.
Поделете ја смесата на три приближно еднакви делови.
Припремете ги 900 грама одмрзнатите вишни (не треба да ги цедите), ставете во нив една кесичка ванилин шеќер, половина чаша шеќер, една ќесичка цимет и половина чаша масло за јадење.
Плехот намачкајте го со путер или маргарин, па ставете го првиот дел од сувата смеса која ја приготвивте и распоредете ја со лажица.
Додадете половина од смесата со вишните, па додадете го вториот дел од сувата смеса – израмнете.
Потоа, додадете ја втората половина од смесата со вишните, а на крај третиот сув дел од состојките.
Нарендајте малку маргарин одгоре (една помала коцка). Доколку ви останат уште малку од вишните, додете ги најгоре за сето тоа да биде сочно.
Ставете го плехот во рерна и печете на 180 степени Целзиусови околу 40 минути.
Почекајте да се излади, па пресечете.
Пријатно јадење!