Рецепт за печен лосос во маринада од виски

На сите нам ни е добро познато дека лососот е одличен извор на омега-3 масни киселини кои се од особена важност за нормалното функционирање на организмот. Тие претставуваат суштински дел од мембраната на нервните клетки и ја овозможуваат правилната распределба на хранливите материи во организмот.
Прсти да излижете: Рецепт за печен лосос во маринада од виски
Не пропуштајте го нашиот рецепт за печен лосос во маринада со виски кој сигурно го немате пробано досега!
Потребни состојки:
600 грама лосос
600 милилитри виски
3 лажици кокосов шеќер
1 лажица јаворов сируп или мед
1 лажичка рендан ѓумбир
1 лажичка рендан лук
½ стебленце млад кромид
сол и бибер по желба
растително масло
сусам


Начин на подготовка:

  1. Измешајте го тамари сосот со вискито, шеќерот, јаворовиот сируп, ренданиот ѓумбир, лукот и младиот кромид. Тргнете ја смесата настрана.
  2. Поделете го лососот на четири филети и додадете сол и бибер по желба од двете страни.
  3. Во добро загреана тава загрејте малку масло, па пропржете го лососот од двете страни. За ова ќе ви бидат доволни две до четири минути, во зависност од дебелината на филетите.
  4. Пред целосно да се испече лососот, со лажица додадете од маринадата. Послужете го лососот уште додека е топол, а врз него посипете сусам. На здравје!
    Откако го прочитавте нашиот рецепт за печен лосос, можеби ќе сакате да го прочитате и нашиот едноставен трик за совршен лосос.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.