Рецепт за пилешко какво што досега не сте јаделе – клучна е една состојка

Многумина велат дека во рецептот за ова пилешко месо нема грешка, а и вие може да се уверите во тоа доколку го подготвите.
На каков начин и да го подготвувате, сигурно е дека ќе биде превкусно. Сепак, тука постојат разлики. Ние ви го пренесуваме рецептот со кој што пилешкото месо за вас ќе има ново значење.
Сигурни сме дека ќе бидете воодушевени со неговиот вкус кога ќе го подготвите на овој начин. Тајната состојка е инстант супа од печурки.
Состојки:
– 2 батаци и 2 карабатаци;
– сол и бибер;
– лук;
– црвена мелена пиперка;
– 200 грама кисела павлака;
– 1 лажица сенф;
– 2 лажици инстант супа од печурки;
– оригано;
– магдонос;
– масло за јадење.


Подготовка:
Посолете го месото. Во чинијата ставете ја павлаката и сенфот, па измешајте, додадете сол и бибер, лукот, ориганото, мелената пиперка, инстант супата од печурки, па сè добро измешајте.
Додадете малку масло за јадење, па месото добро премачкајте го со смесата и наредете го во плех за печење. Доколку остане од смесата со која го премачкувавте месото, ставете ја во месото во плехот за печење, а потоа над сето тоа додадете исечкан магдонос.
Печете во загреана рерна на 210 степени Целзиусови околу 50-60 минути додека месото не се испече убаво и не зарумени.
Погледнете го видеото за целосна постапка:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.