Овој рецепт за сладолед е толку едноставен што не може да згрешите во подготовката. Доколку сакате различни вкусови, во смесата може да додадете ароми со вкусовите коишто ги сакате.
Потребни состојки:
-100 г млечно чоколадо
-300 г слатка павлака со 30% масти
-200 г кондензирано млеко
Начин на подготовка:
Стопете го чоколадото на пареа па со него премачкајте ги хартиените чашки и ставете да се замрзне околу десетина минути во ладилник. Во меѓувреме, изматете ја павлаката па додадете го кондензираното млеко и добро изматете. Смесата сипете ја во чашките па повторно вратете ги во фрижидер околу десетина минути.
Потоа извадете ги и во чашките ставете стапчиња. Вратете ги во ладилник и оставете околу 5 часа. Пред послужување исечете ја чашата, извадете ја хартијата и уживајте во сладоледот.