За подготовка на овој десерт ќе ви биде потребно околу еден час, а толку е сочен поради пивото.
Состојки:
– 8 лажици путер;
– 200 милилитри темно пиво;
– 1,5 шолји шеќер;
– 1 шолја грчки јогурт;
– ¾ шолји незасладено какао во прав;
– 2,5 шолји брашно;
– 2 јајца;
– 1 ќесичка прашок за печиво;
– 1 лажица екстракт од ванила;
– Прстофат сол;
– Шлаг за декорација.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, а кружната тепсија подмачкајте ја со путер и ставете хартија за печење.
Пивото и путерот загрејте ги на средна температура, додека путерот не се стопи. Во чинија изматете го шеќерот, јогуртот, какаото, ванилата и јајцата. Додадете ги путерот и пивото.
Потоа измешајте го и брашното и прашокот за печиво, додадете ги останатите состојки, па ставете ја смесата во тепсијата и печете околу 45 минути.
Украсете ја тортата со шлаг, а вистинските љубители на овој колач велат дека во шлагот треба да додадете и неколку капки виски.
Треба да знаете дека алкохолот од пивото во текот на печењето испарува, така што колачот е безбеден и за деца, но не додавајте виски во шлагот доколку истиот би го јаделе деца.
Пријатно јадење!