Состојките се малку поскапи, но сладоледот е со врвен квалитет и богат вкус.
Рецепт: Златен сладолед за челичен имунитет
Потребни состојки:
700 грама кокосово млеко
4 лажици јаворов сируп
2 лажици куркума во прав
1/2 лажичка ѓумбир во прав
1/2 лажичка цимет во прав
1 лажица кокосово масло
1 ванилин шеќер
малку сол на врвот од нож
50 грама јаткасто овошје
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки освен јаткастото овошје во тенџере и загрејте ги на тивок оган. Пред да почне смесата да врие, тргнете ја настрана и оставете ја да се излади.
Претурете ја смесата во сад во кој можете да ја мешате со миксер и која може да стои во замрзнувач. Мешајте ја смесата на секој половина час. Додека е течна, мешајте со жица, а кога ќе почне да се замрзнува, продолжете со миксер. Откако ќе ја измешате, вратете ја во замрзнувачот. Повторете го тоа 5-6 пати, а пред крајот ќе мора да го вклучите миксерот на најмала брзина.
Пред сервирање, извадете го сладоледот малку порано за да може полесно да се обликува со лажица.
Ситно исечкајте го јаткастото овошје и посипете го врз сладоледот пред да го послужите.