Рецепт на денот: Запечени макарони со болоњезе сос

Доколку сте љубител на тестенини ви го предложуваме овој одличен рецепт за цел оброк во еден сад. Овој рецепт е за љубителите на месо.
Состојки:
400 гр. макарони
200 гр. мелено месо
Половина главица кромид
Конзерва домати


Оригано
Сол и бибер
100 гр. тврдо сирење
Маслиново масло
Начин на подготовка:
Сварете ги макароните. Во сад загрејте маслиново масло и испржете го месото и сецканиот кромид. Додајте ги доматите и оставете да зоврие. Зачинете со сол, бибер и оригано.
Измешајте ги макароните со сосот во тавче, одозгора нарендајте сирење и ставете да се пече.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.