Наједноставниот рецепт за сладолед, кој сигурно ќе ве освежи.
Жешките летни денови се веќе пред нас и постојано гледаме како да се разладиме. Во тие моменти сите сакаме поладна храна и, се разбира – сладолед.
Прочитајте како најлесно и наједноставно да направите вкусен сладолед од лубеница од само три евтини состојки!
Состојки:
– лубеница
– 1 лимон
– 5 лажици шеќер
– чоколадни трошки
Подготовка:
Пресечете го врвот на лубеницата и со миксер изблендирајте ја внатрешноста, така што ќе добие текстура на смути.
Во лубеницата исцедете еден лимон (може и повеќе ако сте љубител на кисело-слатки комбинации) и додадете пет лажици шеќер.
Повторно измешајте сè.
Оставете во фрижидер за смесата да се излади и доволно да се зацврсти за да може да правите топки од сладолед.