Рецепти на баба: Овој чај експресно помага кај болки во грлото и кашлање

ЛОВОРОВИОТ ЛИСТ е препознатлив по својата специфична арома, па многу луѓе сакаат да го користат при готвење, но помалку е познато дека е исто така природен лек кој има антиинфламаторно и антисептично дејство.
Листовите на ова растение се богати со разни минерали (калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк, магнезиум, селен) и витамини од групата Б кои се важни за метаболизмот, хормоналната рамнотежа и нормалното функционирање на нервите и мускулите. Затоа, ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и ревматизам, како и нервоза и несоница.


Есенцијалното масло од ловор може да се користи за инхалации, како и за дезинфекција на областа во сезоната на настинки и вируси. Но, особено интересни се сирупот и чајот од ловоров лист, кој е добар за прочистување на дишните патишта, за ублажување на кашлицата, болки во грлото и бронхитис, како и за зајакнување на имунитетот.
Подготовка:
За една чаша чај, доволно се три свежи или суви ловорови листови искинати на помали парчиња. Полијте со 2,5 дцл вода и варете 10 минути. Тргнете од оган и оставете покриено 10. минути и процедете. Во чајот можете да додадете мед или лимон, а се препорачува да пиете две до три чаши чај на ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.