Пишува Милорад Миленковски на социјалните мрежи:
Можно ли е ова?
Првата слика е изгравиран во 3 димензии амблем на ‘љубовта’, во форма на плакета.
На плакетата има приклучок за извор на светлина, која го осветлува позадински 3Д логото, и втората слика е токму тоа – светлина на првата.
Пред некој ден објавив конвертирана од 2Д во 3Д слика со истиот мотив, и истовремено го добив ова ремек дело, независно, неповрзано и без да знам. Си велам дали е можно да има таква случајност и совпаѓање?
Следно помислив што ли ќе се случеше да објавев слика од милион долари? Дали и тогаш универзумот ќе се погрижеше да дојдат до мене? Но и вакум просторот на непознатото се погрижува да дојде до тебе само она што вистински сакаш, посакуваш, веруваш…
Изминатите пет месеци го живеам најтешкиот период од мојот живот…
По 4 години тотално исцрпување на сите ресурси, материјални, духовни, временски…период во кој целосно се посветив на мојата прва љубов, се надевав дека дојде триумфалното финале, и среќниот крај на една величествена приказна, која фрли силен блесок на чистина, во секојдневието исполнето со густи нечисти слоеви. Но тоа не се случи…останаа само мрсните слоеви.
Речиси го видов светлото на крајот на тунелот, а тоа да ти било фатаморгана, уште посилна темнина која ги проголта сите фотони кои ја симболизираа недежта, како силно поле на гравитација кое не дозволува ниту светлината да избега, како црна дупка…
Шокирам бев, и сеуште околу мене орбитираат аури од прашалници, од кои еден се истакнува пред сите други…ЗОШТО???
Со што го заслужи љубовта ова, со што го заслуживме сите ние, со што ја заслужив јас оваа мизерија која ја чувствувам ???
Бев опијанет и магепсан од верба во возвишеното. Во чест на љубовта занемарив многу нешта кои се составен дел на секојдневието и животот. Неправедно што покрај себеси и други беа жртви поради мојата ‘лудост’.
Какво е ова зло кое демне?
Зло кое ги заматува и најбистрите мисли, зло кое го валка и најчистиот извор на природата…
Што спречува во ова наше мало катче од земја, да се случи нешто убаво, нешто што инспирира, и нешто што предизвикува насмевка?
Зошто порив на садизам, зошто при можноста да сториш нешто добро, ти одбираш да ги употребиш ресурсите и логистиката дадени на тацна, да предизвикуваш згрозеност и немир на чистата мисла?
Пукај со се што имаш, но нишани добро и не пукај со ќорци, затоа што звукот кој го испуштаат од “експлозијата” не е различен од брановите на испуканиот вистински куршум. На крајот останува галамата, но уште повеќе останува она големо Ништо.
Гледајќи во ремек делото, се прашувам, зошто не се обидете да излезете од таа фасада зад која има лажно чувство на моќ и неказнивост? Можеби ќе ве прифатат и онакви какви што сте, затоа што сите се ранливи, но не се сите зли.
Оној кој е вистински силен, ја црпи силата од себеси, а не од други кои му ја сервираат. Моќта е во заедништвото, не во злоупотреба на заедничкото.
П.С. Ти благодарам Зоран Велинов за ова ремек дело, кое ме инспирираше да напишам ‘збор-два’ повеќе на други теми, поврзани со симболот.