Речиси 48 часа е исчезнат граѓанин од општина Лозово, на кој му се губи секаков траг, информира градоначалникот на општината, Бошко Цветковски.
Станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат бил виден во близина на базенот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.
-Во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме…, информира Цветковски.