Риба на кромид

1 кг ослич (или по желба)
1 кг исечкан кромид
100 г ориз
4-5 суви црвени пиперки
1 лажичка црвен пипер
150 г брашно
масло, сол и мелен црн пипер
Рибата исечете ја на парчина, посолете ја  и свлакајте ја во брашно. Испржете ги парчињата риба од двете страни и ставете ги на чинија.
Во истото масло додајте ги кромидот и една чаша вода и динстајте додека омекне кромидот. Посолете и наросете црн пипер. Додадете ги сувите пиперки исечкани на парчиња, оризот и црвениот пипер, и промешајте.
Нанесете го оризот во огноотпорен сад, налејте 250 мл вода и наредете ја рибата. Печете 30 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.