3 филети лосос
1 домат
1 главица кромид
2 моркови
1 корен од целер
5 чешниња лук
200 мл бело вино
1 коцка за супа од зеленчук
1 ловоров лист
1/2 лажичка шафран
1/2 лажичка рузмарин
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња, добро изгмечете го лукот, па пропржете го со малку маслиново масло колку да омекне. Зачинете го со сол и црн пипер. Додадете ги коцката за супа, виното и филетите риба ситно исечкани. Покријте ги состојките со вода и оставете да се варат околу половина час.
Пред сервирање на чорбата потпечете лепче премачкано со лук и малку маслиново масло (или путер). Потоа, сервирајте ја чорбата ставајќи го во неа потпечениот леб (или пак, посебно).