Овој необичен рецепт за рижото е одличен прилог, но и вкусно главно јадење. Доколку сакате зачинета храна, пробајте го уште денес.
Рижото со кари и зеленчук
Потребни состојки:
180 грама ориз
Кромид
Шери домат
200 грама грашок
Морков
Кари
Прстофат сол и бибер
Начин на подготовка:
Измијте го оризот и сварете го.
На малку масло пропржете го кромидот, а по неколку минути додајте го шери доматот пресечен на половина. Динстајте додека не омекне доматот.
Потоа додајте грашок, ситно исечканиот морков и кари и добро измешајте.
На крај додајте го и оризот и оставете го малку да се крчка на средна температура.