Свадба прерасна во трагедија откако полиција убила присутен на свадба, пишуваат косовските медиуми денеска, а убиениот е во роднински врски со коосвската претседателка Вјоса Османи.
– Во дворот на ресторан каде се одржувала свадба во селото Бибај, едно лице е убиено.
Фестим Рамадани, полицаец пукал со пиштол во 89-годишен старец, јавија косовските медиуми.
Жртвата е Садри Садриу, 89-годишен, кој бил застрелан пред дворот на ресторан.
Медиумите во Косово јавуваат дека жртвата е Садри Садриу и се дознава дека тој е чичко на Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово, Вјоса Османи.
„Полицаецот не бил на службена должност, надвор од службена должност, бил во цивилна облека и во цивилен автомобил, делото го извршил со употреба на службеното оружје.
Мотивите за убиството се уште не се познати, велат од косовската полиција.