ЗА ТЕСТО
125 мл млеко
125 гр. маргарин
125 г брашно
4 јајца
300 г спанаќ
ЗА ФИЛ
300 г сирење
100 мл кисела павлака
200 г шунка
100 г мајонез
Измешајте ги млекото и маргаринот во едно тенџере и зовријте ги на рингла на среден оган. Потоа додадете го брашното и мешајте се додека не добиете рамномерна смеса која ќе се одвојува од тенџерето.
Префрлете го тестото во поголем сад и со месење постепено додадете ги јајцата и ситно исечканиот спанаќ.
Приготвеното тесто рамномерно распределете го во тава од рерна обложена со хартија. Печете 20 минути на 200 степени.
По печењето префрлете го тестото врз мокра кујнска крпа така што хартијата да остане одозгора. Внимателно отстранете ја хартијата, замотајте ги краевите од крпата околу тестото и оставете го малку да се излади. На овој начин тестото ќе омекне и ќе биде полесно да се мота во ролат.
Во меѓувреме изрендајте го сирењето и измешајте го со павлаката.
Кога ќе се излади ролатот отстранете ја крпата. Намачкајте го ролатот по целата површина со смесата од сирење и павлака.
Потоа на средината наредете ја шунката исечена на парчиња.
Внимателно замотајте го ролатот, завиткајте го во алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер да се излади и да се зацврсти.
Ролатот сервирајте го исечен на парчиња со дебелина од 2-3 см и декориран со мајонез.