ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
2 лажици какао
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
500 мл млеко
6 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
3 лажици брашно
125 г маргарин
6-7 мандарини
Изматете ги јајцата и шеќерот, додадете ги брашното, прашокот за печиво и какаото и промешајте. Нанесете ја смесата во правоаголна тава, прекриена со хартија и печете 15 минути на 200 степени. Изладениот пандишпан свиткајте го во влажна кујнска крпа.
Во тенџере на оган ставете 300 мл млеко и шеќерот. Пудингот и брашното размешајте ги со преостанатото млеко. Додадете ги во тенџерето со зовриеното млеко во тенџере на оган, варете додека се згусне кремот и изладете.
Маргаринот изматете го со миксер. Додадете го изладениот крем и изматете.
Премачкајте го пандишпанот, наредете ги излупените мандарини и свиткајте ролат. Изладете го и исечете го на парчиња.