4 парчиња пилешки гради
4 ленти пршута
4 супени лажици Маскарпоне сирење
4 лажички сув рузмарин
2 јајца
100 г брашно
300 г лебни трошки
60 г рендан пармезан
масло, сол и мелен црн пипер
Засечете ги пилешките гради на повеќе места за да добиете рамни површини, зачинете ги и истолчете ги со чук помеѓу две парчиња најлонска фолија. Врз секое парче пилешки гради размачкајте по 1 лажица Маскарпоне сирење, нанесете една лента пршута и свиткајте ролати.
Свалкајте ги во брашно, изматени јајца и лебни трошки измешани со пармезан. Запржете ги ролатите во масло додека поруменат и наредете ги во тава за печење.
Печете 20 минути на 200 степени, извадете ги ролатите од тавата и откако малку ќе се подизладат исечете ги на парчиња.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.