Коосновачот на „Пинк флојд“, гитаристот, текстописец и композитор Роџер Вотерс, рече дека Хамас имал морална обврска да се спротивстави на окупацијата на 7 октомври и го обвини Израел дека измислува приказни за терористичкиот напад.
Говорејќи на поткаст, познатиот рокер рече дека терористичката организација е „апсолутно законски и морално обврзана да се спротивстави“.
„Не знаеме што направија, но дали беше оправдано да се спротивстават на окупацијата? Да! Но, повторно тоа е Женевската конвенција – тие се апсолутно законски и морално обврзани да се спротивстават на окупацијата од 1967 година. Обврска. Како што кажав во изјавата потоа, ако беа извршени воени злосторства, ќе ги осудев. Конечно, излегоа со бројки колку луѓе всушност биле убиени, кои биле таму тој ден. Веројатно, првите 400 биле израелски војници – тоа не е воено злосторство. Се разбира дека не осудувам, но Израелците измислија приказни за обезглавување бебиња“, рече тој.
Гитаристот исто така тврдеше дека се појавиле обвинувања за антисемитизам „затоа што немаат одговор на аргументот“.
„Не можете да ја браните државата Израел во геноцидот што се случува денес и утре и задутре во Газа“, рече тој.
80-годишниот музичар претходно предизвика контроверзии во текот на летото носејќи капут во нацистички стил на своите концерти, што доведе до истрага на германската полиција по концертот во Берлин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.