Русија потврди дека Украина го нападнала и третиот мост во областа Курск, каде украинските сили извршија копнена инвазија пред речиси две недели.
Според руските истражители, Украина вчера вечер нападнала и оштетила мост на реката Сејм. Изјавата на претставникот на Рускиот истражен комитет е објавена на каналот на Телеграм, на путиновиот пропагандист Владимир Соловиев.
За потсетување, Украинците вчера потврдија дека нивните воздушни сили уништиле уште еден стратешки важен мост на реката Сејм во пограничниот регион Курск, со што драстично се намалил капацитетот за снабдување на руската група која се спротивставува на украинското напредување.