Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот






Русија ги засили нападите врз украинската железничка инфраструктура со цел да го попречи движењето на воениот товар што вклучува помош од Западот, изјави денеска висок украински безбедносен извор, јавија француските медиуми, пренесува порталот Баронс.

Зголемувањето на смртоносните напади има за цел да ги уништи железничките постројки и да ги „парализира испораката и движењето на воениот товар“ пред планираната руска офанзива, тврди изворот. – Тоа се стандардни чекори пред офанзива, додава тој.

Русија денеска соопшти дека користела проектили и артилерија за да ја таргетира железничката инфраструктура и западното оружје што се транспортира по железница во Украина.

Московското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили го погодиле „западното оружје и воената опрема“ што се транспортирале по железница еден ден претходно во регионот на Доњецк, а цел биле и железничките објекти во регионот Харков. 

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: