Русија почна со вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје во близина на Украина (ВИДЕО)


Русија почна со вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје во близина на Украина (ВИДЕО)

Руската војска денеска соопшти дека во близина на Украина почнала вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје, кои ги наредил претседателот Владимир Путин на почетокот на мај, нагласувајќи дека тоа е одговор на западните „закани“.

„Започна првата фаза од вежбите за подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што е наведено, маневрите се одвиваат во Јужниот воен округ, кој се наоѓа во близина на Украина и кој ги опфаќа украинските области припоени од Москва.

Во оваа фаза, руските војници вежбаат полнење „специјална муниција“ во батериите на ракетите „Искандер“, како и нивно „прикриено“ поместување во зоните на гаѓање.

Вежбите вклучуваат авијација и хиперсонични ракети Кинжал, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесува „Известија“.

„Вежбите кои се во тек се насочени кон одржување на подготвеноста на персоналот и опремата и употребата на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и гарантирање на територијалниот интегритет и суверенитет на руската држава… како одговор на заканите од некои западни функционери“, се вели во соопштението.

На почетокот на мај Путин нареди да се спроведат нуклеарни вежби, кои, според Кремљ, се одговор на заканите од Западот и особено на можноста што ја спомна францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање војници во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: