Русија ќе укине неколку затвори поради регрутирање затвореници за војната во Украина






Властите во рускиот регион Краснојарск планираат годинава да укинат неколку затвори поради падот на бројот на затвореници, пред се, поради регрутирањето осуденици за војната во Украина, пишува денеска весникот „Комерсант“.

Весникот го цитираше Марко Денисов, регионален комесар за човекови права во Краснојарск, кој им кажал на судските власти дека најмалку два локални затвора ќе бидат затворени поради „големото еднократно намалување на бројот на осуденици во контекст на специјална воена операција (во Украина ), објавија британските медиуми.

Русија регрутира затвореници да се борат во Украина од 2022 година, кога Евгениј Пригожин, починатиот шеф на приватната воена компанија Вагнер, почна да ги посетува затворите, нудејќи им на затворениците помилување доколку преживеат шест месеци на фронтот, тврдат британските медиуми.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: