„Руски шубари“: Совршени колачи за секоја пригода!

Овие колачи изгледаат одлично, лесно се прават и сите ги обожуваат. Искористете го слободното време за да ги направите.
Руски шубари: Совршени колачи за секоја пригода!
„Руските шубари“ или капи се старомодни колачиња што им се омилени на сите. Тие се меки и вкусни и се состојат од чоколадо и кокос што се секако една од најдобрите кулинарски комбинации. Поради својот изглед, кој е многу интересен и потсетува на популарните руски шубари, го добиле и името, но нивниот пресек е, исто така, нешто што ќе ве воодушеви.
Потребни состојки за кората:
4 јајца
250 г брашно
250 г шеќер
100 мл вода
100 мл масло
2 лажички какао
1 прашок за печиво
Потребни состојки за филот:
1 л млеко
300 г шеќер
300 г путер
200 г брашно
1 ванилин шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
120 г кокосово брашно
Потребни состојки за декорација:
100 г чоколадо
1 лажичка масло


Начин на подготовка на кората:
Одвојте ги белките од жолчките. Додајте го шеќерот во жолчките и матете додека не се соединат состојките, по што смесата станува светложолта и пенеста. Постепено додајте ги маслото и водата во смесата и повторно промешајте додека сè не се соедини добро. Во сад на страна, измешајте го брашното со прашокот за печиво и полека додајте ги во смесата со жолчки. Промешајте добро додека не се соединат состојките. Во третиот сад, изматете ги белките додека не се создаде цврст снег.
Добиениот снег измешајте го со смесата од жолчки. Во овој момент, можете во половина од смесата за бисквит да додадете какао. Истурете ги смесите во подмачкани плехови и ставете ги во загреана рерна на 200 ᵒС од 10 до 15 минути. Додека корите се жешки со помош на тркалезен калап или чаша, исечете кругови.
Начин на подготовка на филот:
Во сад додајте го брашното, шеќерот и ванилин шеќер и добро измешајте. Одвојте дел од ладното млеко и истурете го во мешавината од брашно и шеќер и изматете ја смесата со миксер. Мора да формира глатка смеса. Остатокот од млекото ставете го да се стопли. Млекото не треба да зоврие, а кога ќе биде топло, додајте ја веќе подготвената смеса во него. Варете го филот 10 минути со постојано мешање, додека не згусне.
Тргнете го од филот и покријте го со фолија, за горниот слој да не се засуши. Оставете го кремот да се излади на собна температура.
Додајте го путерот во нов сад и изматете го со миксер, потоа додајте екстракт од ванила и изладениот крем и добро изматете.
Начин на украсување:
Ставете вода во тенџере на оган и ставете стаклен сад над пареата. Почекајте водата да зоврие, а потоа малку намалете ја топлината. Додадете го чоколадото за готвење и една лажичка масло во него и почекајте да се растопи. Откако ќе добиете топено чоколадо ставете го настрана 2 до 3 минути да се олади малку. Земете лажичка и намачкајте еден дел од круговите со фил, а потоа поклопете со преостанатите кругови. Истркалајте ги колачите во кокос, па прелијте ги со растопеното чоколадо. Ставете ги колачињата во фрижидер на 1 час по што тие се подготвени за сервирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.