Руските служби потврдија дека има загинати во терористички напад во Москва






Се стравува дека има неколку жртви откако неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва.

Руската разузнавачка служба ФСБ потврди дека има загинати и повредени во нападот, пренесе ДПА повикувајќи се на агенцијата Интерфакс.
Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.
Потоа дошло до експлозија.
Би-Би-Си, повикувајќи се на руски агенции, јави дека пред неколку минути имало уште една експлозија.
Московски специјалци, полиција, како и пожарникари се на местото на инцидентот.
Преку подрумот на објектот биле евакуирани повеќе од 100 луѓе.
Андреј Воробјов, гувернерот на московскиот регион, соопшти дека е формирана работна група за справување со ситуацијата.

На лице место се прави се за да се спасат луѓето. Специјалните единици за брза интервенција работат. Во близина на Крокус има повеќе од 70 екипи на брза помош, лекарите им ја пружаат потребната помош на сите жртви, напиша Воробјов на Телеграм.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: