Ручек во едно тавче – фахитас со пилешко месо, лимон и зеленчук

Доколку сакате вкусен и едноставен летен ручек кој не подразбира премногу труд и време во готвењето, имаме идеален предлог.
Вкусни, крцкави тортиљи со свежи пилешко месо и зеленчук. Се подготвува во една тава, што значи дека нема да направите хаос во кујната.
Потребни состојки:
500 g пилешки стек
1 црвена пиперка, ситно исечкана
1 зелена пиперка, ситно исечкана
½ црвен кромид, исечкан на тркалца
¼ шолја маслиново масло
2 лажички сол (и други зачини по желба: куркума, кумин, коријандер кари, лук во прав, оригано …)
1 пакување готови тортиљи
1 зрело авокадо
1 лимон (или лимета, по желба)
Кисела павлака


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200˚С. Измешајте ги сите зачини, вклучувајќи ја и солта во помал сад.
Во поголемо тавче обложено со хартија за печење ставете го пилешкото, зеленчуците и добро измешајте ги со маслото и зачините.
Печете од 20-25 минути додека зеленчуците не омекнат, а пилешкото не се зарумени. Вишокот течност слободно истурете го.
Врз месото и зеленчукот додадете сок од 1 свежо исцеден лимон или лимета.
Во последните 3 минути од печењето ставете ги тортиљите во алуминиумска фолија, но внимавајте истата да биде отворена за да се затоплат и потпечат.
Сервирајте го авокадо исечкано на парчиња и кисела павлака како сос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.