Украина има суверено право да ја брани својата територија

Американскиот Стејт департмент истакна дека Украина има право да ја брани својата територија и да одлучува за својата иднина.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс коментирајќи ја изјавата на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој препорачува линија на прекин на огнот меѓу Украина и Русија врз основа на границите пред 24 февруари, рече: „Господинот Кисинџер зборуваше како граѓанин“.

– Ние цврсто веруваме дека Украина, и само Украина, има право да одлучува за својата иднина, рече Прајс и додаде дека Вашингтон, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, смета дека војната на крајот ќе мора да заврши преку дијалог и дипломатија.

– Веруваме во потребата за мир кој е праведен и одржлив. За жал, не видовме никаков значаен возврат од Москва, додаде портпаролот на Стејт департментот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.