Киселата вода е еден од оние пијалоци за кои кружат разни приказни. Додека едни се колнат дека делува неверојатно добро на варењето, го решава проблемот со мачнините, мамурлакот и слично, други го избегнуваат, сметајќи дека газираноста е штетна за нивниот организам.
Со цел да се стави крај на сомнежите за киселата вода, американскиот сајт Healthline, кој главно се занимава со здравјето на луѓето, ги објави резултатите од студијата која ги отфрла сите сомнежи и заблуди за омилениот пијалок и освежување на многумина.
Според оваа студија, нема индикации дека киселата вода во било кој случај му штети на човечкото тело и здравје. Човечкото тело одржува алкална стабилност, а бубрезите и белите дробови ќе го исфрлат вишокот јаглерод диоксид од телото.
За разлика од другите газирани пијалоци, киселата вода не содржи штетни материи, како шеќер, па нема негативно влијание на забната глеѓ. Покрај тоа, се покажа дека сите оние кои го препорачуваат како сојузник на ненарушено варење се во право, бидејќи навистина има позитивни ефекти врз дигестивниот систем.
Резултатите од некои ограничени истражувања, чии резултати сè уште не се целосно потврдени, покажаа дека постои можност киселата вода да ги намалува проблемите со запек и да ја подобри работата на срцето, бидејќи го намалува нивото на лошиот холестерол и шеќерот во крвта.
Значи, газираната вода има позитивен ефект врз човечкото тело. Сепак, внимавајте ако имате висок крвен притисок, во тој случај консултирајте се со вашиот лекар.