Салата со краставици и ореви

Потребни состојки:
-една поголема краставица
-2 млади лукчиња
-сол, бибер
-маслиново масло
-прстофат куркума
-2 дл јогурт
-мелени ореви, како и малку сецкани за посипување
-листови босилек
Начин на подготовка:
Излупете ја краставицата и исечете ја ситно, па ситно исецкајте го и младиот лук. Додадете ги јогуртот, маслиновото масло, солта, биберот и мелените ореви.
Измешајте убаво, па посипете со сецкани ореви и куркума. Оставете ја салатата да постои во фрижидер, па послужете ја студена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.