Салата со тарана и пченка

1 шолја тарана (200 мл)
1 шолја зрна конзервирана пченка
2 домата (исечкани на ситни коцки)
1 краставица (исечкана на ситни коцки)
150 г дробено Фета сирење
сок од 1/2 лимон
1 лажица сечкан магдонос
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Сварете ја тараната, исцедете ја во цедалка и откако ќе се излади измешајте ја со пченката. Додадете ги доматите, краставицата, Фета сирењето и магдоносот, и промешајте. Потоа додадете маслиново масло, сол и мелен црн пипер по вкус.
На крајот додадете го лимоновиот сок, промешајте ја салатата и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.