Само една риба од конзерва е најздрава

Иако не се смета за најздрава, конзервираната храна понекогаш е добра затоа што е лесна за носење, заштедува време при подготвување, а може дури да биде и комплетен оброк.
Конзервирањето ја одржува храната свежа и добра за јадење, особено онаа која е склона кон развој на разни патогени, а во процесот на конзервирање на храната поминуваат и низ процес на стерилизација.


Секако, не секоја конзервирана храна е лоша.
Нутриционистката д-р Џес Кординг вели дека, според експертите, најздрава конзервирана храна е сардината, но и другата конзервирана риба која е достапен извор на протеини, но и одржлива и не бара долга подготовка или готвење.
Како што објаснува, употребата на конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки.
„Конзервираните сардини обично имаат помалку жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите извори на морска храна, особено ако свежата не е достапна за вас“, вели д-р Кординг.
„Кога јадеме сардини внесуваме голема количина на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло дава мононезаситени масти здрави за срцето“, додава д-р Кординг.
Експертите препорачуваат две до три порции конзервирана риба неделно, измешана со тестенини или сама, а можете да ја додадете и во разни салати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.