Еве колку вредат партиите кои владееја со Македонија од самостојноста наваму.
Кога бевме во Југославија беше вака:
1. Во Бугарија ќе продадеш еден пар левис 501 и живееш еден месец ко цар Борис со тие пари, на море и јадеш риба секој ден. Пари од дома не се мачиш да носиш
2. Во Грција на одмор сме седеле по 20 дена, на враќање татковците од фри шоп купуваа по десет грундиг касетофон и ги шверцува преку наша граница. Багатела ни беа таму. После ќе шитнеа неколку од нив и си го вадеа цел одмор, а со остатокот од парите си уплаќаа скијање за цело семејство во Маврово, во хотел Радика.
3. Албанија не ни беше во агендата, пошто таму освен бункерите на Енвер Хоџа, немаше ништо. Сиромаштија невидена.
4. Во Полска ко беше татко ми во осумдести за сто марки уште папата Војтила не го донесе во Скопје.
5. Во СССР, во Москва, сегашна Русија, за пет марки си имаше таксист цел ден, кој те чека цело време.
6. И за Шпанија бевме Швајцарци. Пичкин дим било да седнеш во ресторан во Барселона и да јадеш секој ден.
7. И во Италија ни беше лабаво. Не као у Шпанија, ама фино.
Ова е она што го памтам за стандардот што го имавме.
А сега… Нешто појако.
1. На комунистите ни на крај на памет не им беше да го менуваат името Македонија. Ако некој спомнеше такво нешто, немаше ни да стигне на суд. Некаде на пат кон затворот, ќе му се слошеше и ќе умреше од природна смрт. Или ќе беше убиен при обид за бегство со врзани раце и нозе.
2. Милите ни соседи тогаш многу внимаваа, како ќе ни се обратат, зашто за секоја провокација јадеа голем стап. Јеби га, немаше заебанција со една меѓу петте најмоќни армии во Европа. Особено додека мрдаше Тито.
Она што подоцна се случи се случи поради многу фактори, децениско растурање од надвор со многу пари и низа предавства, создавање на петта колона со тие пари и србизација на таа армија. Слично со она што денес се случува со оваа жална Македонија.
3. Оди во време на Тито и комунистите, во социјалистичка Македонија некој да писнеше за Голема Бугарија, Голема Албанија и се што е големо. Ќе го немаше дома три дена, а после ќе го најдеа домашните пред врата, без видливи знаци на насилство, ама со бубрезите каша.
4. Во тоа време, да кажеш Гоце е Бугар, Илинденското востание е бугарско, има да те нема. Но денес таа петта колона којашто го вели тоа е заштитена и не одговара пред законот.
5. Да кажеш во она време дека македонскиот јазик и нација се измислени од коминтерната, исто иднината нема да ти биде многу весела.
6. Тие комунисти беа поголеми патриоти и Македонци од сите вас шуши продадени
Ете гледате до каде не донесоа СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за последниве 30 години. Едвај врзувате до први во месецот. Сите соседи станаа побогати и поперспективни од нас. Се знае денес кој може да си го прчи во Шпанија, Полска, Русија и Чешка. Ретките. Повеќето од нив багабонти. И на кого му прдне ги уценува властите во државава. Станавме безгласна буква во меѓународните односи, а порано бевме дипломатски џин. И пак им одите на избори на сегашниве говеда и ги тинтрате. Срам ве било.