Сведочи припадник на интервентната полиција: Велибор Манев ни кажа каде е телото на Панче Жежовски

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеа припадници на интервентната полиција при СВР Скопје.

Првиот сведок раскажа како на 3-ти декември 2023 година го земале осомничениот Велибор Манев од полициската станица Кисела Вода и требало да го однесат до Велес. Тој пак таму им покажал каде е закопан убиениот Жежовски.

Припадник на полицијата

ОБВИНИТЕЛСТВО

О – Како службено лице сте биле ангажирани за предметниот настан, какви активности преземавте на 03.12.2023 година?

И – Како вработен во МВР, односно тим лидер, во интервентна полиција од страна на раководителот на смена бевме упатени во ПС Кисела Вода. Од таму ни беше кажано дека едно лице треба со службено возило да го однесеме во Велес, после наплатна, каде ќе не пречекаат колеги од СВР Велес.

О – Како се движевте со возилата од Скопје?

И – Во возилото беше Велибор, два тима бевме, се движевме по автопат, после наплатна завртевме и застанавме кај испотава Македонија Пат

О – Како продолживте понатаму

И – Колегите од СВР Велес излегоа од возило и разговараа со Велибор, се движевме по едни патишта, па застанавме, продолживме пешки по земјен пат. Стасавме до одредено место кое го посочи Велибор.

О – Вашето движење беше според кажувањето на Велибор?

И – да

О – Што се случи со Велибор, го вративте назад?

И – кога го покажа местото покриено со гранки, колегите од Велес ни кажаа да го вратиме во ПС Кисела Вода

О – Дали Велибор нешто коментираше во возилото?

И – не

О – Дали дознавте што се открило на тоа место што ви го покажал Велибор?

И – отпосле да, кога се движевме кога стигнавме на местото покриено со гранки кажа дека тука има закопано човек, колегите од СВР Велес почнаа да си работат и после ни рекоа да го вратиме назад

О – се сеќавате на местото, може да го опишете?

И – имаше гранки, се движевме пет минути пешки по земјен пат и Велибор покажа, толку беше од нас тука, колегите си преземаа. Тој пат има многу дупки, каллив, непрооден.

ВКРСТЕНИ ПАЛЕВСКИ

П – Колку часот беше тоа?

И – Околу 16 – 16.30 тргнавме од ПС Кисела Вода

П – увидот започнал во 15.00

И – точно не можам да се сетам

П – во текот на тие предистражни дејствија дали воопшто разговаравте со било кој од обвинетите?

И – не, ние само го земавме, го однесовме до испоставата, колегите после може разговарале со него

СУД

С – која испостава на Македонија пат?

И – на широчината, мислам дека се вика Кула, има Македонија пат машини, возила

С – зошто ги оставувте возилата?

И – па патот беше непрооден, со дупки, да не ги искршиме возилата

С – а зошто отидовте од Кисела Вода на местото Кула?

И – ни кажаа дека треба да спроведеме лице таму, дека таму ќе чекаат колеги од СВР Велес

С – што ви покажа Велибор кога стигнавте?

И – ни кажа дека има дупка, покриено со гранки, после тоа го вративме во ПС Кисела Вода

Пронајдете не на следниве мрежи: