1 кг свинска кртина
1 кг лупени компири
1 морков
5 чешниња лук
350 мл говедска супа од коцка
100 мл црвено вино
1 чаша домашни лебни трошки
1 лажица сув зачин
1 лажичка мајчина душичка
1 гранче рузмарин
масло, сол и мелен црн пипер
1. Направете мали засеци во месото на 1см. и убаво зачинете со сол, црн пипер и мајчина душичка. Втријте ги зачините и оставете го месото да стои (ако имате можност и преку ноќ).
2. Загрејте ја убаво тавата со сосем малку масло и ставете го месото да се запржи и да фати убава боја од сите страни (многу кратко, 2-3 мин.). Во тавата во која ќе печете на дното наредете го кромидот исечкан на полумесечинки, исечканиот морков и чешнињата лук (притиснете ги прво да се отворат). Врз нив ставете го месото, прелијте со виното и супата, и ставете гранче рузмарин. Покријте со капак и печете 2 часа на 180 степени.
3. Компирите исечкајте ги на покрупни парчиња, варете ги околу 15-тина минути и ставете во цедалка.
4. За лебните трошки од вечер оставете неколку парчиња леб надвор да се исуши. Потоа раздробете на поситни парчиња, ставете во сецкото и блендирајте додека добиете лебни трошки (не толку ситни како купените). Зачинете ги лебните трошки со зачини по вкус.
5. Компирите попрскајте ги со малку масло и потоа убаво наросете со трошките. Ставете ги во тава за печење, наросете уште малку трошки и печете ги 20-тина минути.
6. Испеченото месо внимателно извадете го од тавата и оставете го на страна. Содржината од тавата (зеленчукот и течноста) ставете ги во блендер и миксајте додека добиете убава кремста смеса. Ако ви се чини дека сосот е премногу густ прецедете го и размешајте го со уште малку од супата.