СЕ БЛИЖАТ ТОПЛИ ДЕНОВИ, СЕ НОСИ ПОЛЕСНА ОБЛЕКА И КИЛОГРАМИТЕ СЕ ПОЗНАВААТ: Ви носиме брз совет за слабеење!

Покрај редовното вежбање, здравата и урамнотежена исхрана е клучна за одлична линија и здраво тело. Значи, треба внимателно да ја испланирате вашата диета и ова можете да го направите со, на пример, неделен план на исхрана.
Сепак, треба да се знае и да се избере храна, и тоа не е секогаш лесно. Затоа ви донесуваме неколку намирници што треба да ги избегнувате.
Газираните пијалоци се чист шеќер
Газираните пијалоци се полни со шеќер и најголем извор на празни бескорисни калории. Кога пиете сокови, телото е исполнето со шеќер и не добива апсолутно никаква хранлива вредност. Ќе ве заситат, а потоа ќе јадете помалку добра храна. На тој начин се дебелеете.


Алкохол
Алкохолот, како и шеќерот содржи празни калории и ќе го забави вашиот метаболизам. Згора на тоа, алкохолот ви го отвора апетитот, така што ќе јадете и повеќе.
Транс масти
Транс мастите ги има во пржена и преработена храна и имаат изразен ефект врз зголемувањето на телесната тежина. Тие предизвикуваат складирање на маснотии, особено во абдоминалниот регион и постои ризик од холестерол.
Рафинирани житарки
Брашно, бел леб, бел ориз, бели тестенини и нивни деривати. Оваа храна е полна со лоши јаглехидрати и е одговорна за зголемување на телесната тежина кај многу луѓе. Овие намирници, откако ќе бидат преработени од телото, се претвораат во шеќер и скроб кои пак се претвораат во маснотии и доведуваат до дебелеење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.