Поп-пејачката Антониа Гиговска се омажи за нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски познат како Џокер. Таа објави фотографии на кои позира во невестински фустан и напиша: „30.04.202023.Официјално мажена“.
Антониа за денот на венчвката одбрала долг бел фустан од тантела со долги ракави.
Инаку пејачката во јануари оваа година, со фотографии од Копаоник објави дека е бремена. По објавувањето на бременоста, таа се повлече од настапите во живо, но и од музичката сцена.
На социјалните мрежи објавува постојано фотографии како ужива во бременоста.