Се празнува споменот на чудата на Св. Архангел Михаил: Направете ги овие две работи и вашата НАЈГОЛЕМА ЖЕЛБА ќе се оствари

Се празнува споменот на чудата на Св. Архангел Михаил

Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Ерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил.

Се празнува споменот на чудата на Св. Архангел Михаил: Направете ги овие две работи и вашата НАЈГОЛЕМА ЖЕЛБА ќе се оствари

Наскоро потоа ова пророштво се исполни, се отвори извор којшто заради својата чудесна сила се прочу на сите страни. Еден незнабожец во Лаодикија имаше нема ќерка и заради ова беше во голема тага. Но во сон му се јави Архангелот Михаил и го упати да ја води својата нема ќерка на изворот, каде што ќе оздрави.

Таткото веднаш послуша, ја одведе ќерката и кај водата затекна многуброен народ, којшто на изворот си бараше спасение од разни маки. Тие сите беа христијани. Тогаш човекот ги праша како треба да бара исцеление, а христијаните му рекоа: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух треба да го молиш Светиот Архангел Михаил.“ Оној човек така и се помоли и ја напои ќерка си од водата, а потоа девојката почна да зборува.

Тогаш тој човек незнабожец се крсти заедно со сиот свој дом, а крај изворот му изгради црква на Светиот Архангел Михаил. Подоцна на тоа место се насели едно момченце по име Архип и таму се подвизуваше во тврд подвиг на пост и молитва. Незнабожците многу му пакостеа, зашто не им беше по волја тоа што од хриситјанската светост исходи толкава сила и привлекува многуброен народ.

Па во својата злоба тие ја навртеа блиската река за да ги потопи црквата и изворот. Но откако Архип му се помоли, повторно се јави Светиот Архангел и во карпата покрај црквата отвори расцеп којшто ја прими сета навртена река. Така она место се спаси и се нарече Хони („нурнување“) зашто реката се нурна во отворената бездна. Свети Архип се подвизуваше тука седумдесет години и се упокои мирно во Господа.

Тропар
Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува, о сило побрза од молњата, тебе кој најмногу пристапуваш кон чистотата, катаден ти вознесуваме молитва, за застапништво твое пред Бога. Благодарност прими – за ангел доделен на секоја човечка душа, за сопатник низ митарствата, за безбројни дела на ревноста твоја, о ти гласу на Божјата слава.

На овој ден се верува дека потребно е да се моли за исцелување, но и да се простат гревовите на сите неверници и тогаш ќе им се оствари најголемата желба – тие и нивните најблиски да бидат здрави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.