Се трага по Љупчо Палевски – Палчо, го поврзуваат со случајот на убиената Вања

Љупчо Палевски – Палчо е лицето по кое се трага, а го поврзуваат со киднапирањето на Вања Ѓорчевска. Тој во моментов е надвор од Македонија. Палчо имал контакти со останатите осомничени во групата, а тие го посочиле кога биле приведени.

Тој е претседател на движењето „Трета“ кое беше негово политичко здружување. Станува збор за лице кое беше јавно експонирано, а имаше и свои поткасти.

Циклонот Борис – катастрофа од епски размери: Две причини зошто е толку разорен!
Циклонот Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ Централна и Источна Европа, а слично сценарио се очекува и во наредните денови. Невремето, како што пишува СиЕнЕн е толку разорно од …
Силјановска Давкова именува тројца членови на Советот за безбедност
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, денеска ги именуваше за членови на Советот за безбедност Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за …

Трите лица кои се уапсени се сеуште на распит, по што ќе бидат спроведени во Кривичен суд. Ќе се бара притвор. Неофицијално, приведени се и други лица чии поврзувања во моментов се проверуваат.

Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учествувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.